Информативен лист за учесникот:
Ве покануваме да учествувате во истражувањето со наслов
Поврзаноста на личноста на семејните/општите лекари со пациент-центричната грижа, отпорноста при справувањето со стресот и синдромот на прегорување. Ова
истражување е предводено од тим од шпански семејни лекари и вклучува соработка
со 12 европски земји. Доколку сте заинтересирани да учествувате, внимателно
прочитајте го овој информативен лист.
Истражувањето е одобрено од соодветната Етичка комисија од болницата Принсипе де Астуриас (OE 06/2026) во согласност со важечкото законодавство и е спроведена во согласност со принципите утврдени во Хелсиншката декларација и упатствата за добра клиничка пракса.
Доколку одлучите да учествувате, Ве молиме прво внимателно
прочитајте го овој документ и слободно поставете прашања ако Ви се потребни
дополнителни појаснувања за истражувањето. Можете да задржите копија од овој
документ, да се консултирате со други лица и да одвоите онолку време колку што
Ви е потребно за да донесете одлука за учество.
Учеството во ова истражување е целосно доброволно. Можете
да изберете да не учествувате или, доколку се согласите да учествувате, можете
да се предомислите и да ја повлечете Вашата согласност
во кое било време без да
мора да дадете дополнително објаснување.
Која е целта на истражувањето?
Ве покануваме да учествувате во истражување чија цел е да се испита дали постои поврзаност помеѓу личностите и ставовите на семејните/општите лекари и пациент-центричната грижа, отпорноста при справувањето со стресот и синдромот на прегорување.
Зошто сум поканет/a да учествувам?
Поканети сте бидејќи сте општ лекар, специјалист по семејна медицина или специјализант по семејна медицина.
Што вклучува моето учество?
Доколку одлучите да учествувате, ќе треба да пополните
прашалник кој вклучува тест за личноста (Прашалник за петте големи фактори на
личноста), прашалник за прегорување според Маслах, прашања за односот
пациент-лекар, прашања за отпорноста при справувањето со стресот и неколку
прашања за Вашата професија.
Кои се можните ризици или непријатности од моето
учество?
Учеството во ова истражување не вклучува никаков ризик за
Вашето здравје. Учеството ќе Ви одземе малку од Вашето време. Пополнувањето на прашалникот ќе трае приближно 15 минути.
Дали ќе добијам информации за резултатите од
истражувањето?
Целокупните резултати од истражувањето ќе бидат анализирани
анонимно. Меѓутоа, доколку сакате да ги добиете резултатите од Вашиот тест за
личноста, можете да ја изберете таа опција на крајот од анкетата.
Дали резултатите од ова истражување ќе бидат објавени?
Резултатите од ова истражување ќе бидат поднесени во научни
списанија и презентирани на научни конференции. Нема да бидат откриени никакви
податоци што би можеле да доведат до идентификација на поединечни учесници.
Вашите податоци ќе бидат собрани и чувани во форма на анонимизиран код до
крајот на истражувањето. Ова значи дека истражувачкиот тим нема да може да
утврди кому припаѓаат податоците.
Учесниците можат да го контактираат истражувачкиот тим во
кое било време за да постават прашања или да разјаснат какви било нејаснотии.
Ви благодариме многу за Вашата соработка.
Илеана Гефаел Ларондо – gefaellileana@gmail.com
Истражувачка единица во Менаџментот за примарна здравствена
заштита, Мадрид, Шпанија.
Национален координатор:
Марија
Зафировска –m.zafirovska27@gmail.com
Асоцијација nа лекари по општа/семејна медицина на
Југоисточна Европа, Скопје, Македонија