0% completed

Добре дојдовте во нашата анкета!

Со учеството во оваа анкета, ќе ни помогнете да ги разбереме работите што вие ги претпочитате кога патувате!

За анкетата: Оваа анкета е дел од проектот финансиран од ЕУ наречен „Drive2theFuture“ ( http://www.drive2thefuture.eu/).

Целта на анкетата е да ги истражиме мислењата на луѓето околу прифатливоста на автономните возила за разни транспортни намени.

Таа е структурирана на модален начин:

  • има четири главни области што соодветствуваат на секој вид на транспорт (авионски, поморски, железнички, патен);
  • секој дел започнува со едноставен опис на она што автоматизацијата значи за тој вид на транспорт, со едноставни описи и краток список на одговори со повеќекратен избор.

Одговорањето на прашањата би требало да ви одземе најмногу 10 – 15 минути, а можете кога сакате да прекинете со одговарањето.

Не постојат точни или неточни одговори. Вашето мислење како корисник на транспорт е она што е најважно за нас!

Ако ве интересираат резултатите од анкетата, не двоумете се да ни кажете и ние со задоволство ќе ги споделиме со вас. 

Сите собрани информации ќе бидат третирани како анонимни и доверливи од испитувачите. Вашите демографски информации ќе бидат употребени само за контекстуализација на статистичката анализа од акумулираните резултати и нема да бидат објавени или употребувани во каква било форма, освен за гореспоменатата статистичка анализа.

Сите податоци ќе бидат безбедно зачувани и употребувани само за целите на тековното истражување во согласност со етичките барања дефинирани во рамките на проектот.

Ако се согласувате, продолжете кон следниот дел.

За  дополнителни информации за анкетата, можете да не контактирате на:  mloukea@certh.gr 

Ви благодариме за учеството.

Конзорциум Drive2theFuture


M.Sc. Pavlos Spanidis, Centre of Research and Technology Hellas - HIT – 2020